Сандаче за леб
Во кујната на секоја домаќинка едно од најзастапените и неопходни предмети за домаќинство е сандачето за леб. Тоа најчесто е дрвено, иако може да биде и пластично. Пожелно е да не е херметички затворено, да може лебот да “дише” по малку. Неговата функција и намена е да го зачува лебот од сушење. Ако сандачето е поголемо може да има и прегради, за леб, за печива, за колачи, за други производи од брашно. Тоа ја зачувува нивната свежина. Сандачето за леб најчесто се поставува врз кујнската полица, масата на која се јаде, или над фрижидерот. Сандачето го чува лебот и од домашните миленици. Ако лебот го оставите на маса, покриено само со ќесе, домашното милениче може да дојде и да си се послужи. Во сандачето лебот е ќе е на сигурно.