Најугледниот американски деловен весник “Вол Стрит Џорнал” на хрватскиот премиер му удри жестока шлаканица. Весникот, во уводникот под наслов: “Хрватски мајстор за медиска манипулација”, констатира дека Санадер од годишниот извештај на ЕК ги извадил само умерените и позитивни оценки за Хрватска. За критиките зборуваше површно и воопштено, а нив во извештајот ги имаше во изобилство.