x

Самуел Ето имал сообраќајка, фудбалерот во болница, автомобилот уништен (ФОТО)

eto

Славниот камерунски играч Самуел Ето, имал тешка сообраќајка несреќа во неговата земја. Според неофицијалните информации, некогашниот играч на Барселона, Интер, Челзи и некои други големи клубови, со својот џип се „забил“ во автобус.

Како што пренесува „Би-Би-Си“, Ето бил пренесен во болница со лесни повреди, и неговата ситуација е стабилна. Нема повеќе детали околу неговата состојба.

Автомобилот, пак, е речиси целосно уништен, односно предната негова страна.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата