Само 37 од 78 патници и членови на екипажот на рускиот авион ШЈ-100, кој се запали на московскиот аеродром Шереметјево преживеаа, соопшти рускиот истражен комитет.

„Во авионот на летот од Моксва кон Мурманск имаше 78 патници и членови на екипажот. Според најновите податоци од истрагата, преживеале 37 лица“, рече портпаролката на комитетот, Светлана Петмеко.

Таа додаде дека истражителите разговараат со преживеаните, очевидците и вработените на аеродромот и авио-компаниите, пренесе „ТАСС“.

извор: Makfax