Повеќето  Американци никогаш не слушнале дека авијација на НАТО ја бомбардираше Југославија во 1999 година, покажуваат резултатите од истражување на барање на агенцијата „Спутник“

Како дел од пошироко истражување, социолозите ги прашале жителите на Соединетите Американски Држави дали прочитале или слушнале за бомбардирањето на НАТО во Југославија.

Според истражувањето, 54 проценти рекле не, додека само 26 проценти рекле да. Дваесет проценти од учесниците во анкетата не знаеле да дадат јасен одговор.

Најстарата француска меѓународна компанија за истражување ИФОП спроведе истражување во САД од 2 до 15 октомври, по барање на Спутник. Беа опфатени  1001 лице на возраст над 18 години.