x

Само што се врати во Милано: И Коларов позитивен на Ковид-19!

kolarov-inter

Како што предмалку објави италијанската “Газета“, уште еден шок за сите во Интер, посебно за тренерот Антонио Конте. Имено утринските резултати на тестот на Ковид-19 на Александар Коларов, се дека тој е позитивен. Интересно е тоа што тој во изминатите неколку денови беше во таборот на својата репрезентација на Србија, таму беше цело време негативен, и тоа во неколку наврати.

Интересно е тоа што во изминатите неколку недели, Интер се соочи со голем број позитивни на коронавирусот, па така сега и Коларов ќе биде во самозилација или карантин.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата