Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17786, бројката на оздравени пациенти е 14801, на починати е 737, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2248. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6948, активни 683

• Куманово 1755, активни 180

• Дебар 285, активни 43

• Штип 1252, активни 49

• Прилеп 673, активни 126

• Тетово 1426, активни 159

• Струга 669, активни 49

• Велес 323, активни 34

• Битола 303, активни 62

• Охрид 426, активни 39

• Кавадарци 236, активни 47

• Гостивар 931, активни 89

• Гевгелија 125, активни 40 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 242, активни 154

• Крива Паланка 107, активни 25

• Радовиш 79, активни 16

• Крушево 20, активни 1

• Кочани 353, активни 152

• Пробиштип 112, активни 20

• Демир Хисар 61, активни 2

• Македонски Брод 93, активни 12

• Пехчево 44, активни 3

• Берово 103, активни 36

• Валандово 32, активни 22

• Виница 111, активни 28

• Делчево 161, активни 78 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 25, активни 1

• Свети Николе 347, активни 39

• Кичево 326, активни 37

• Ресен 165, активни 16

• Неготино 53, активни 6 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 69 пациенти. На кислородна поддршка се 35 пациент, нема пациенти на механичка вентилација. 

Во болницата во Козле хоспитализирани  се  4 деца и 2 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете  и 1 мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примен е 1, а вкупно хоспитализирани се 35 пациенти. На респиратор се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип се 42 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 169, позитивни и сомнителни на Ковид-19.