Постојат држави како Велика Британија, кои не војуваат дома, на своја земја, но се вмешани во воените дејствија во други земји. Во случајот на Британија тоа е конфликтот во Авганистан, а и британската војска е се по воинствена, што таа земја ја сместува на 47 место по светскиот индекс на мир.
Понатаму, постојат земји кои не се вмешани во конфликти со човечки жртви, но имаат длабоки внатрешни поделби и околу нив се кршат копјата на меѓународен план, како што е Северна Кореја.
Единствени земји кои на ниту еден начин не се вмешани никаде се:

1. Швајцарија
2. Јапонија
3. Катар
4. Маурициус
5. Уругвај

 

6. Чиле
7. Боцвана

8. Костарика

9. Виетнам
10. Панама
11. Бразил

Но ниту во тие земји ситуацијата не е идилична: во Бразил и Костарика, на пример, огромен број на луѓе имаат лично оружје и постојано демне опасност од избувнување на насилни демонстрации. Швајцарија е половично мирна држава, но има висок степен на извоз на оружје.