x

Само ние на ЕУРО2020: Соседите ќе гледаат европско на ТВ (ФОТО)

euro2020-site-reprezentacii

По одигрувањето на вчерашните натпревари во плеј-оф баражите од првото издание на Лигата на Нации, веќе го имаме комплетниот изглед на групите за Европското првенство кое ќе се одржи следната година. Македонија единствена од соседите следната година во јуни ќе ја гледаме на континенталниот собир на најдобрите фудбалски репрезентации. Србите имаа шанси на домашен терен синоќа да си обезбедат евро-билет, но на пенали загубија од Шкотска. Бугарија, Албанија и Грција не успеаја да дојдат до таква можност. Од екс-ју просторите на ова ЕУРО ќе ја има и Хрватска.

Уште еден интересен факт е што досега од поранешните ју-републики пласман на ЕП имаат остварено Хрватска (1996, 2004, 2008, 2012, 2016, 2020), Србија и Црна Гора (2000) и Словенија (2000). Македонија дебитира на ова ЕУРО 2020.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата