Недостатокот на меѓународни правила и договори може да доведе до тензии и брзо проширување на рударските проекти на Месечината, тврдат научниците од Центарот за астрофизика „Харвард и Смитсонијан“.

Водата и железото се особено вредни ресурси што може да се добијат од Месечината, што ќе им помогне на компаниите да градат инфраструктура и да развиваат земјоделство, но исто така треба да ги намалат огромните трошоци за транспорт на овие материјали од Земјата на Месечината.

– Многумина сметаат дека Универзумот е место на мир и хармонија меѓу народите. Проблемот е што не постои закон со кој се регулира кој има право да ги користи тие ресурси. Има значителен број вселенски агенции и други приватни субјекти кои сакаат да слетаат на Месечината во следните пет години, вели Мартин Елвис од Центарот.

Студија што се занимава со тоа прашање беше објавена во научното списание „Philosophical Transactions of the Royal Society A“, пишува Зимо.

– Ги прегледавме сите мапи на Месечината на кои наидовме и откривме дека нема премногу места што ги имаат потребните ресурси, а оние што ги имаат се многу мали. Ова отвора простор за конфликт околу одредени ресурси, додаде тој.

Постоечките договори, како што е Договорот за вселената од 1967 година, не обезбедуваат вистинска заштита на небесните тела од приватни компании. Она што е напишано во споменатиот договор е дека сите нејзини потписници ќе ја користат Месечината и другите предмети во вселената исклучиво за мировни цели.

САД инсистираат на клаузула што им овозможува на комерцијалните компании да го користат Универзумот се додека се под постојан надзор. Русија, од друга страна, има спротивен став – смета дека експлоатацијата треба да биде ограничена на владите на земјите-членки.

Следниот договор, наречен Договор за Месечината од 1979 година, не е ратификуван од ниту една земја што извршила независен лет во вселената, како што се САД, Русија, Кина, Јапонија и членовите на Европската вселенска агенција.

Сепак, за 2020 година се објавени и потпишани таканаречените „договори Артемида“, кои поставуваат збир на договорени правила што бараат повеќе работи од земјите кои соработуваат со САД при нивното враќање на Месечината.

Ова вклучува транспарентност, ексклузивно користење на просторот за мировни цели, како и гаранции за соработка при спасување на сите астронаути кои се загрозени за време на мисијата. Сепак, договорите на Артемида не ги штитат вселенските тела од експлоатација од приватни компании, пренесува Инденпендент.

– Најголемиот проблем е што сите се насочени кон истите области и истите ресурси, од држави до приватни компании. Станува збор за ограничени места и ресурси. Немаме друга месечина да се преселиме. Само една ја имаме, вели Алана Кроликовски, со Универзитет во Мисури.