Во светски рамки, вкупниот број на инфекции со коронавирус надмина 114.000.

Повеќе од 4.000 луѓе починале, а повеќе од 64,000 заздравиле.

Во Македонија со вчерашниот случај вкупно заболени се 7 лица.

Италија бележи драматично зголемување на бројот на мртви и заразени во епидемијата на коронавирус во изминатите 24 часа, и покрај воведувањето на карантин во Ломбардија и другите северни региони во обид да го забави ширењето на вирусот, мерка што Светската здравствена организација ја нарече смела. Во Италија биле заразени 7985 лица, а 463 починале.

Италија забележа најголем број смртни случаи од вирусот Ковид-19 од сите други земји надвор од Кина, од каде почна да се шири вирусот во декември.

Во Европа, само две земји немаат коронавирус

Само една земја во Европа досега не пријавила ниту еден случај на инфекција со коронавирус, откако утрово Турција го потврди првиот случај, Црна Гора останува единствената земја каде нема заболени од вирусот.

Во Италија, досега бројот на случаи надмина 9000, а починаа 463 лица. Во Шпанија има 1480 активни случаи, а 35 лица се починати.