Во градот Џингжу, во кинеската провинција Хубеи, е откриен случајот со жена (68) која повторно е тестирана позитивна на коронавирус, еден месец откако била излечена од Ковид-19, соопштија градските власти.

Жената во моментот е во карантин и е под медицински третман, а лицата со кои била во контакт биле пронајдени, тестирани и не се позитивни, пренесува „Ројтерс“.

Засега нема докази за ризик дека лицата кои се повторно заразени по третманот со Ковид-19 се носители на вирусот.

извор: Makfax