x

Само еден гледач на мечот Валенсија-Аталанта

Реванш мечот од осминафиналето на ЛШ помеѓу Валенсија и Аталанта на „Местаља“ се игра пред празни трибини. Но не сосема празни. Само еден навивач го следи дуелот помеѓу шпанскиот и италијанскиот тим во ЛШ – тоа е навивачот на Валенсија Висенте Наваро. Клубот му изгради статуа на долгогодишниот фан, а кој беше слеп. Неговата статуа веќе 30 години седи во 15-тиот ред на седиштето број 162.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата