x

Само “ДУНСТЕРИ“ ќе кажат дека Пандев не е најдобриот фудбалер во историјата на Македонија!!!

dunsteri-pandev

Пишува: Зоран Ѓоршоски

Горан Пандев од синоќа не е нашиот херој, туку нашето фудбалско БОЖЕСТВО. Нашиот БОГ на фудбалот. И ако веќе јас се прашувам веднаш треба да му се дигне споменик, најголемиот што може да постои. Вчера цела Европа говореше, пишуваше за Пандев, кој со 37 години ја однесе “малата“ Македонија на ЕП. Соседите завидуваат, но и истакнуваат дека сме имале среќа што Пандев е Македонец. Медиумите во Италија просто “вриштеа“ од среќа и се фалеа дека ЕЛ ГРАНДЕ игра кај нив.

И да не се повторувам, илјадници текстови за пишани за генијалецот од Струмица вечерва и утринава.

Сакам да прашам дали, после се она синоќа и нашиот пласман на ЕВРО, и натаму некој верува дека некој друг, а не Горан Пандев, е нашиот фудбалер во историјата на фудбалска Македонија.

Точно е дека сме имале гиганти како Кирил Симоновски – Џина, потоа Мето Спасовски, Дарко Панчев, но еден е Пандев и точка. Секој оној што ќе се противи на мојата теза тогаш е фудбалски “ДУНСТЕР“.

И дефинитивно се отстранети сите дилеми, ако воопшто имало, кој е подобар, најдобар во историјата на фудбалска Македонија. Горан Пандев или Дарко Панчев. Секоја чест за Дарко, ние сме среќни што и тој е Македонец, на времето веројатно најдобриот центарфор во екс – СФРЈ па и во Европа. Но еден е Пандев, еден е ГРАНДЕ. Само за еден фудбалер се бара да му се подигне споменик.

Секој си има право да си го каже своето мислење, но фактите се нешто друго. Пред нив и боговите молчат.

А Пандев, а не некој друг, со 37 години ја однесе Македонија на ЕВРО. Исто е и со споредбата меѓу Марадона и Меси. Лео може да освои и 100 титули со Барса, но се додека сам не и ја донесе на Аргентина светската титула како Диего во 1986, нема да биде пред Марадона.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата