x

Само во Македонија: Последниот Борец на пет бодови до Европа!!!

Само во ПМФЛ, само во Македонија и никаде на друго место. Имено според местата на табелата, по одиграни 22 кола, може лесно да се случи, последниот Борец на крајот да избори место во Европа. Некој ќе праша како?

Па многу лесно, ако се знае дека велешани иако се последни на табелата, имаат 24 бодови и се со пет помалку од четвртата Македонија ЃП, а утре играат токму со „лавовите“.

Сезонава малку чудна е табелата. Прв е Вардар со 43 бодови, втори се Шкендија и Силекс со по 35, само тие немаат проблем  со опстанокот. Од Македонија ЃП која е четврта и има 29 бодови, па се до десеттиот Борец кој има 24 бодови се збиени уште пет клубови, а тоа се Академија Пандев (28 бодови), Шкупи (28), Ренова (28), Струга ТЛ (25) и Работнички (25). На сите нив приоритет им е опстанокот, но не кријат дека по малку ја „меркаат“ и Европа. И навиваат Шкендија да освои макар еден пехар, дали тој во првенството или во Купот.

Ако заврши сега шампионатот, а Шкендија го освои Купот, тогаш Вардар ќе игра во квалификациите во ЛШ, а Шкендија, Силекс и Македонија ЃП ќе играат во квалификациите во ЛЕ. Да оди четвртиот во Европа, барем како што е сега табелата, тогаш ќе мора Шкендија да освои барем еден пехар. Да потсетиме дека поразениот во финалето во Купот, ако не е меѓу првите четири екипи, а сега не (А. Пандев, Струга ТЛ и Брегалница се покрај тетовци во полуфиналето) нема право на излез во таа пуста Европа.

Сепак има уште многу да се игра, уште 14 кола се во „игра“.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата