Бројот на заразени со новиот коронавирус во Европа надмина 687.000, а над 62.000 лица починаа.

Ова го изјави денеска на брифинг во Копенхаген, пренесуван во живо преку Фејсбук, директорот на Регионалната канцеларија на СЗО за Европа, Ханс Клуге.

Според податоците пристигнати до утрово, регистрирани се 687.236 случаи (на инфекција). Со жалење информираме дека починале 62.824 луѓе, рече тој.