Истражниот судија на Окружниот суд во Ниш, Радомир Младеновиќ, вчера изјави дека причина за експлозијата на воениот магацин кај Параќин е самозапалувањето на противавионската муниција со калибар од 20 мм. Спротивно на правилата таа муниција две години е чувана надвор поради недостиг на простор за складирање. Експлозијата се случила на платформа 5, каде што се наоѓале околу 1,2 милиони парчиња од тој калибар. Затоа, експлозијата била толку силна, а реакцијата верижна.