Владата му препорача на Управниот одбор на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта „Македонија пат” – Скопје да го избере Самка Ибраимовски за в.д. заменик директор.

Досегашниот директорт на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, пак, е именуван за в.д. директор на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони.

На местото на Деспотовски, на директорската функција во ФИТР е поставен Коста Петров.

Бесник Елези е именуван за в.д. заменик директор на Агенција за храна и ветеринарство, а Томе Спировски е разрешен од должноста директор на Државниот просветен инспекторат.

За в.д. директор на оваа институција е именуван Ардиан Муслиу.

Владата ја прифати оставката на Јовица Стојановиќ и го разреши од должноста директор на Управата за извршување санкции, на негово барање, и го именува за директор во Казнено поправен Дом Идризово со отворено одделение во Велес.

Владата ја прифати и оставката од Марјан Спасовски, и го разреши од должноста директор на Затвор Куманово со отворено одделение во Крива Паланка на негово барање и го именува за в.д. директор на Управа за извршување на санкции.

Ненад Цветковиќ е именуван за в.д директор на Затвор Куманово со отворено одделение во Крива Паланка.

Владата го разреши и Беким Халими  од должноста директор на Службата за просторен информативен систем и на негово место го именува Митко Крстевски.

извор: Makfax