Владата на Македонија синоќа во рамки на 19-тата седница го утврди Предлог-буџетот  за 2021 година, како и Предлог-законот за извршување на Буџетот за 2021 година, кои ќе бидат доставени во Собранието. Покрај тоа донесени се и повеќе кадровски решенија.

На предлог на Комисијата за именување, Владата согласно добиеното позитивно мислење од Државниот правобранител за државен правобранител во Државното правобранителство за подрачјето на Скопје ги именуваше:

Лепосава Веноска

Кристина Грозданоска

Елена Саздовска

Земиле Кодра

Недим Исмани

За државен правобранител во Државното правобранителство на Македонија за подрачјето на Куманово ги именуваше:

Драган Јовановски и

Бесим Весели

За државен правобранител во Државното правобранителство за подрачјето на Охрид го именуваше:

Агрон Речи

За државен правобранител во Државното правобранителство за подрачјето на Струмица ја именуваше:

Татјана Донкова

За државен правобранител во Државното правобранителство за подрачјето на Гевгелија ја именуваше:

Мирослава Панарова

За државен правобранител во Државното правобранителство за подрачјето на Велес ја именуваше:

Валерија Николова

За државен правобранител во Државното правобранителство за подрачјето на Штип ја именуваше:

Билјана Симонова-Тасева

За државен правобранител во Државното правобранителство за подрачјето на Кавадарци ја именуваше:

Сузана Костова-Коцева

За државен правобранител во Државното правобранителство за подрачјето на Битола го именува:

Ѓоко Талевски

За државен правобранител во Државното правобранителство за подрачјето на Прилеп го именува:

Киро Северкоски

За државен правобранител во Државното правобранителство за подрачјето на Кочани ја именува:

Олгица Јанева

За државен правобранител во Државното правобранителство за подрачјето на Тетово се именува:

Фетуш Алили

За државен правобранител во Државното правобранителство за подрачјето на Гостивар се именува:

Илбер Јусуфи

За државен правобранител во Државното правобранителство за подрачјето на Струга се именува:

Катерина Талевска-Скепароска

Владата заклучи да му препорача на Управниот одбор на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта „Македонија пат” – Скопје да го избере Самка Ибраимовски за в.д. заменик директор.

Како точка за информирање беше разгледано дека Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој согласно Одлука на Владата а за давање претходна согласност го разреши Јован Деспотовски од должноста директор на Фондот за иновации и технолошки развој.

Костадин Петров го именуваше за в.д. директор на Фондот за иновации и технолошки развој на предлог на Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој

Јован Деспотовски го именуваше за в.д. директор на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони.

Бесник Елези го именуваше за в.д. заменик директор на Агенција за храна и ветеринарство.

Томе Спировски го разреши од должноста директор на Државниот просветен инспекторат.

Ардиан Муслиу го именуваше за в.д. директор на Државниот просветен инспекторат.

Владата ја прифати оставката на Јовица Стојановиќ и го разреши од должноста директор на Управата за извршување санкции, на негово барање.

Владата ја прифати оставката од Марјан Спасовски, и го разреши од должноста директор на Затвор Куманово со отворено одделение во Крива Паланка на негово барање.

Марјан Спасовски го именува за в.д. директор на Управа за извршување на санкции.

Александар Донев го разреши од должноста вршител на должноста директор на Казнено поправен Дом Идризово со отворено одделение во Велес.

Јовица Стојановиќ го именува за в.д. директор во Казнено поправен Дом Идризово со отворено одделение во Велес.

Ненад Цветковиќ го именува за в.д директор на Затвор Куманово со отворено одделение во Крива Паланка.

Беким Халими го разреши од должноста директор на Службата за просторен информативен систем и го именуваше Митко Крстевски за директор на Службата за просторен информативен систем.