x

Самарџиев го сопре Малинков, Еурoникел ја освои Битола по продолжение

Пелистер и Еуроникел одиграа одличен натпревар, како што доликува за едно дерби, победникот беше решен по продолжение, кавадарчани ставија крај на серијата од три победи на противникот, среде Битола славеа со 82-88 (23-24, 17-19, 22-15, 16-20, 4-10) во рамките на 11 коло, последно за оваа година.

Каплановиќ имаше 23 поени и 12 скока, Марзет запиша 19 поени, кај домашниот тим Казарновски имаше 31 поен и 9 скока.

Првата четвртина беше добар показател за она што може да ги очекува љубителите на кошарката, двата тима не поведоа повеќе од четири разлика. Гостите се разиграа во следниот период, по 33-35 со серија од 6-0 поведоа со највисоки плус осум (33-41). Но, битолчани успеаја на одморот да на минус три (40-43).

Избраниците на Малинков се вратија во третата четвртина Мекиќ, Пенов и Казарновски беа креатори на кам-бекот, продолжија Цветковски и Враниќ, па Пелистер поведе со 59-51 во 28. минута.

Во одлучувачките десет минути, битолчани влегоа со резултат 62-58, а позитивата ја чуваа речиси до средината на последниот период. Марзет заедно со Соколов за разнишување на противничката одбрана, Николиќ и Каплановиќ за целосен пресврт. Во последната минута гостите влегоа со 75-76. По серијата промашувања, Казарновски успеа да се избори за продолжение, а таму подобро се снајде Еурникел.

Кожув во последниот меч од оваа година се врати на победите. Избраниците на Александар Јончевски имаа лесна задача, на домашен терен го совладаа Вардар со убедливи 87-65 за седми триумф сезонава.

Гевгеличани тргнаа моќно уште на стартот, по првото полувреме имаа позитива од 46-22, до крајот одиграа рутински. Пајиќ со 20 поени и Караџовски со 14 поени го предводеа својот тим до двата бода. На другата страна Ивановиќ имаше 17 поени.

И Куманово ја оправда фаворитската улога. По поразот од Пелистер на гостински терен, дојде до важни бодови против Академија ФМП (97-71) и остана во посакуваната „шестка“.

Детали околу овој меч може да видте на овој ЛИНК.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата