Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини, ја отфрли загриженоста поради објавените фотографии на американскиот тинејџер, со врзани очи и со лисици на рацете, осомничен за убиство на полицаец, велејќи дека единствената жртва за жалење во ситуацијата е убиениот карабинер, пренесува РТ.

Габриел Кристијан Натале-Хјорт(18) и Финеган Елдер (19) беа уапсени за наводно убиството на карабинерот Марио Черчело Рега откако осумпати го проболе на улица во Рим во петокот.

Во соопштението од карабинерите се вели дека двата тинејџери од Сан Франциско го признале убиството откако биле испрашувани и се соочиле со несоборливи докази.

Фотографијата обајеван во италијанските медиуми го покажува Натале-Хјорт додека седи со врзани очи во полициска станица. Командантот на италијанската полиција, Франческо Гаргаро, изјави за медиумите дека тинејџерот кусо бил незаконски со врзани очи, четири или пет минути пред да биде испрашуван во петокот, за да го спречат да ги види документите во канцеларијата. Во меѓувреме е отворена истрага за врзувањето на очите на тинејџерот.

Салвини ја објави фотографијата во неделата, велејќи дека оние што се жалат за апсењето на затвореник треба да запаметат дека единствената жртва за жалење е карабинерот: човек, син, 35-годишен сопруг, кој почина на служба од рацете на луѓето кои, ако се виновни, заслужуваат доживотен затвор”.

извор: Makfax