x

Салах и Мане ги вратија насмевките кај фановите на Ливерпул (ВИДЕО)

По серија од два порази без постигнат гол и три порази на последните 4 меча во сите натпреварувања, Јирген Клоп и неговите момци им се вратија на победите. Иако тешко и со минимална предност од 2:1, сепак, лидерот во Премиер лигата дојде до нова 27. победа во Премиер лигата.

Лошата форма на Ливерпул некако продолжи и на стартот на денешниот дуел. Од првата грешка на дефанзивците, гостите успеаја да постигнат гол и во 9. минута преку Калум Вилсон да го отворат резултатот со предност од 1:0.


Момците на Клоп по примениот гол тргнаа жестоко кон голот на противникот, но во неколку наврати не успеаја да искористат шанса за израмнување. По една украдена топка во средината, Ливерпул успеа преку Салах во 25. минута да дојде до тежок погодок и израмнување на 1:1.


Потоа следуваше нов пресинг и нов гол. Мане по асистенција на Ван Дајк во 33. минута го погоди гостинскиот гол за предност од 2:1.


Во второто полувреме Ливерпул продолжи со офанзивната игра и притискаше постојано пред гостинскиот гол. Имаше најмалку две 100% шанси за нов гол, но не успеа да постигне ниту еден. Чиста шанса за израмнување имаа и гостите, но топката која одеше во празната мрежа на Адриан, во последен момент успеа да ја стигне и исфрли во корнер, капитенот Милнер.

Standings provided by Sofascore LiveScore

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата