Маслинки кои стандардно се сервираат во повеќе зелени салати се редовна пракса. Но салата од маслинки која отстапува од стандардно послужување е повеќе од вкусна за конзумирање особено кога на трпезата имате кифлички или погача.

Потребни состојки:
250 грама сецкани маслинки
250 грама урда (може павлака комбинирана со урда)
100 грама путер
2 зелени пиперки ситно сецкани (по желба-пикантно лути)
сол, бибер и малку лук

Во добро измешан путер се додава урда или павлака, сецканите маслинките и пиперка, малку сол, бибер лук. Сето тоа добро се меша и се сервира во длабок сад каде што се додава малку маслиново масло и листови магдонос како декорација.