До пред неколку децении никоја жена никогаш не помислила дека ќе може кај себе да промени некои работи како што се непријатни мириси кои телото може да ги испушти. Се разбира дека секоја жена би сакала вагината да и мириса на праска. Иако изгледа како научна фантастика, феноменот наречен “Sweet Peach” (слатка праска), e достапен за сите припаднички на понежниот пол.

Двајца научници, био-хакери од Силконската долина, го откриле решението за овој “проблем”. Тие развиле еден вид на пробиотик – додаток во исхраната, кој им овозможува на жените да ги променат мирисите на телото. Засега овој суплемент го има само со мирис на праска.

– Верувам дека ова може да им помогне многу жени кои имаат проблеми со непријатните мириси во интимната зона, бидејќи тие мириси не се само наши, човечки, туку тие главно ги произведуваат бактериите кои живеат во нас, вели Остин Хајнц, еден од изумителите.

Двајцата иноватори сметаат дека нивниот изум би можел да помогне и во спречувањето на ширење на разни инфекции и други здравствени проблеми предизвикани од микроорганизми.

Тие, исто така работат на средство кое ќе направи изметот од кучињата и мачките, најчестите миленичиња, да мириса на банана.

За жал, оваа овошна арома за вагината се уште не е пуштена во продажба во Европа, а единствено може да се порача од веб страните за продажба на производи од САД, на кои пакување со 24 пилули чини околу 30 долари.