x

„Сакав да го тепам Новак, влегов во неговата соблекувална“

Легендарниот тенисер и некогашен светски рекет број 1, Енди Родик за „Eurosport“ изјави дека е тешко да се игра против Новак Ѓоковиќ, со кого за малку ќе имал физичка пресметка во периодот на кратко ривалство. Денеска тие се добри пријатели и нивниот однос е одличен.

Пред 12 години Родик и Ѓоковиќ играа во четвртфиналето на УС Опен, Србинот славеше со 3-1. Пред оваа средба Родик го нарече Ѓоковиќ фолирант, потенцирајќи дека до оваа средба имал 16 повреди.  По завршување на дуелот Србинот ми врати на најдобар начин, прво го совлада, а потоа одржа феноменален говор. Сето ова беше доволна причина за Родик да посака физичка пресметка.

„Еднаш влегов во соблекувалната на еден противник, нема да го кажам неговото име, само ќе откријам дека се римува со Шмовак Шмоковиќ. Се случи на УС Опен, го предизвикав со изјавите, па ме растури на теренот. Ме победи онака како што сакаше, а потоа ме прозва. Кога влезе во соблекувалната трнав по него. Неговиот тогашен тренер, Гебхард Гритч влета да го заштити. Кога видов дека грамада стои позади мене, се повлеков, да не го сторев тоа, ќе ме прегазеше воз“.

Денеска неговиот однос со Ноле е различен.

„Некој како Ѓоковиќ може животот да ви го направи мизерен, има толку добар удар“, изјави Родик за „Eurosport“

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата