САД ќе продолжат со своите планови за спојување на својата амбасада и конзулат во Ерусалим во март, потврди портпаролот на Стејт департментот за „Спутник“ во вторникот.

Државниот секретар Мајкл Помпео во октомври минатата година објави дека САД ќе ги спои својата амбасада и генерален конзулат во Ерусалим во една дипломатска мисија за зголемување на неговата ефикасност.

Американските односи со Палестинската самоуправа традиционално се изведуваат преку Генералниот конзулат во Ерусалим, со што мисијата е де факто амбасада за Палестина, која САД сé уште не ја шпризнала официјално како држава.

Помпео рече дека САД ќе продолжат да го вршат целиот опсег на известување, охрабрување и програмирање на Западниот Брег, Појасот Газа и со Палестинците во Ерусалим преку новиот Оддел за палестински прашања во амбасадата во Ерусалим, која ќе биде надгледувана од американскиот амбасадор во Израел .

Американскиот претседател Доналд Трамп ја премести амбасадата од Тел Авив во Ерусалим во мај 2018 година.

извор: Makfax