Американското Министерство за правда побара да се задржи ирански танкер, откако Гибралтар се откажа од случајот против екипажот на товарниот брод „Грејс 1“, запленет во јули крај брегот на Гибралтар под сомнение дека превезува нафта во Сирија.

„Министерството за правда на САД поднесе барање за заплена на танкер врз основа на многубројни обвинувања, кои сега се разгледуваат. Случајот ќе биде вратен во Врховниот суд на Гибралтар во 16 часот“, се вели во соопштението на владата.

извор: Makfax