Тинејџер од американската сојузна држава Алабама убил петмина членови на неговото семејство, по што сам повикал полиција.

Се работи за 14-годишно момче кое во понеделникот навечер во својот дом во Елкмонт пукало со пиштол и убило членови на семејството.

Тројца од нив починале на место, а двајца подоцна во болница.

Тинејџерот го фрлил пиштолот, а потоа повикал полиција и ги признал убиствата, пренесува „Ројтерс“.

Полицијата моментно трага по пиштолот, а засега не е познато како момчето дошло до него.

 

извор: Makfax