Минатата година една подморница удрила во светски познатата руина на „Титаник“, но американската влада ги чувала во тајност информациите за инцидентот, соопштено е на судот.

Американските власти не објавиле дека подморницата, вредна 35 милиони долари, била ангажирана од британска компанија, пренесува „Телеграф“, кој се здобил со увид во тужбата.

Водачот на експедицијата признал дека подморницата „Тритон“ удрила во остатоците од „Титаник“ во јули минатата година кога пилотот ја загубил контролата врз подводното возило поради исклучително силна и многу непредвидлива струја. „Тритон“ тогаш се приближил кон руината на легендарниот брод за тим од авантуристи да сними нови фотографии од „Титаник“.

Компанијата за авантуристички патувања ЕИОС го потврдила инцидентот, на соопштила дека при судирот не се случило оштетување на руината. Сепак, експертите предупредуваат дека какво било дополнително оштетување на руината може да го забрза нејзиното распаѓање.

извор: Makfax