Руски пилоти на борбени авиони и хеликоптери ќе почнат да пристигнуваат во Сирија во наредните неколку дена, објави порталот Ynet. Според западните дипломати, руската експедиција веќе пристигнала во Сирија и се сместила во воздушната база која е под контрола на силите на претседателот Башар ал Асад. Базата, како што се наведува, се наоѓа во околината на Дамас, и на Русите ќе им служиу како оперативна база.

Во наредните недели илјадници припадници на рускиот воен персонал ќе поќнат да пристигнуваат во Сирија, а меѓу нив ќе има и воени советници, инструктори, техничари и пилоти.

Во овј момент нема конкретни податоци за составот на контингентот, но РУсија веќе има преговарано за продажба на повеќенаменските МИГ 29 и напредните авиони за тренинг Yak-130, кои можат да служат и за борба.

Ynet пишува дека нема сомнение дека руските пилоти ќе влијаат на постоечката динамика во блискоисточниот судир. 

Официјално, Русија нема офанзивни намери кон Израел и други држави, а главна цел на разместувањето на воените авиони е задржување на Асад на влст и борба притив ИД. 

Дипломатски извори тврдат дека Русија и Иран неодамна донеле стратешка одлука дека ќе сторат се што е потребно за а го спречат ширењето и инфилтрирањето на ИД и другите исламисти на подрачјето на поранешните совески републики со муслиманско мнозинство. 

Американската администрација е свесна за руската намера директно да интервенира во Сирија иако се уште официјално не реагирала.

Обама е од неодамна воздржан во повиците за соборување на Асад, иако САД изведува воздушни напади за да ги заштити бунтовниците против кои ќе се борат руските сили.

Иран и Русија, со знаење на САД, имаат намера да ја засилат сириската војска со увежбување, но и со техника. Од почетокот на граѓанската војна во Сирија Русија испраќа бродови со оружје, муниција и со резервни делови. Русите се едиснтвени кои ја координираат блискоисточната политика со Иран. Американските официјални лица, исто така, учествуваат во интензивни разговори со Техеран за да ја засилат заедничката борба против ИД. Изгледа дека американската влада го доживува Иран во монентов како неопходна сила во кампањата против ИД во Ирак, наведува Ynet.