Трговскиот дефицит во јануари изнесува 48,5 милијарди долари, што е за 4,2 милијарди долари повеќе во однос на декември и е најголем дефицит од март 2012 година, се посочува во соопштението.

Дефицитот делумно е последица на месечниот пад на извозот на цивилни авиони и мотори во вредност од 1,2 милијарди долари.

Споредбено со јануари минатата година трговскиот дефицит е поголем за 12 отсто, при што растот на увозот од 8,3 проценти е поголем од извозот што изнесува 7,4 отсто.

Дефицитот во трговијата на стока со Кина забележа раст од 13 проценти во однос на нивото од декември, а исто така е забележано и зголемување на дефицитот во трговијата со Мексико и Саудиска Арабија.