Русија бара од САД да се вратат кон рамноправен дијалог врз основа на взаемно почитување, изјави вчера рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на средба со студенти и професори од Московскиот државен институт за меѓународни односи при Министерството.

Во врска со условите, според кои би можело да се развива пред се соработката меѓу Русија и западните земји, Лавров истакна дека станува збор за „заеднички услови кои можат да постојат меѓу две меѓусебно почитувани земји”.

– Тоа вклучува взаемно почитување на рамноправните поцизии на секоја од земјите, внимателност кон меѓусебните интереси и земање предвид да тие интереси. Нема потреба од никакви други услови, потврди шефот на руската дипломатија.

Според него, во последните четири-пет години се создадени повеќе механизми за соработка меѓу Русија и САД, но „сето тоа е замрзнато од нашите американски партнери. Ако тие се вратат кон рамноправен дијалог врз основа на взаемно почитување, тогаш ние сме подготвени”.