Американските регулаторни тела им дадоа зелено светло на земјоделците за одгледување на генетски модифициран памук, така што луѓето можат да го консумираат семето на тоа растение – кое е  нов, потенцијално богат со протеини, извор на храна што би можел да биде особено корисен во земјите каде што памукот вообичаено се одгледува, а истовремено владее и потхранетост на населението.

Семето на памукот од новоразвиеното растение сè уште не може да се користи како храна во САД, бидејќи се чека дозвола од Управата за храна и лекови (ФДА).

„Мене лично ми има вкус на слануток и може да се користи за да се подготви многу вкусен хумус”, рече биотехнологот Керти Раторе.

Семето може да се сомеле во брашно и да се користи за леб и тортиљи, како и за протеински плочки.

Ако количеството на памучни семиња што се произведуваат во светот биде искористено за прехрана на човекот, тоа би било доволен дневен извор на протеини за околу 575 милиони луѓе, рече Раторе.

извор: Makfax