По убиството на високиот ирански генерал Касим Сулејмани во Багдад, Соединетите Држави денес ги повикаа своите државјани веднаш да го напуштат Ирак.

Стејт департментот во соопштението наведува дека тензиите во Ирак и регионот се зголемени, пренесува АП.

Иран вети жестока одмазда по загинувањето на командантот на иранската револуционерна гарда во американскиот воздушен напад во Ирак.

„Поради нападот на милицијата, која ја поддржува Иран, врз комплексот американски амбасади, сите конзуларни места се суспендирани. Американските граѓани не треба да приоѓаат кон амбасадата во Багдад“.

Претходно оваа недела, демонстрантите ја нападнаа американската амбасада во Багдад во знак на протест против воздушните напади на САД врз паравоени сили поддржани од Иран.

извор: Makfax