Во претходните два месеца САД значително го зголемија бројот на напади во Авганистан, во рамки на стратегијата за засилување на борбата против џихадиситичката група Исламска држава (ИД), објави американскиот весник „Њујорк Тајмс”.

Весникот посочува дека во текот на јануари и февруари оваа година американските беспилотни летала и авиони-ловци истрелале 251 бомби и ракети врз цели во Авганистан, што е три пати повеќе во споредба со истиот период лани.

Сепак, според „Њујорк Тајмс”, и покрај зголемниот број напади и нанесените тешки удари на џихадистите, авганистанските и американските воени команданати и натаму изразуваат стравување околу безбедносната состојба во Авганистан, пред се поради зајакнувањето на талибанците.

Весникот потенцира дека во моментов авганистанските талибанци се посилни од кога и да било по 2001 година и располагаат со меѓу 20 и 40 илјади борци, што е за околу 20 пати повеќе во однос на бројот на поддржувачи на ИД во Авганистан.