Америка води психолошка војна против Иран, изјави иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џавад Зариф.

– САД се фокусирани на психолошка војна против Иран и неговите бизнис партнери, истакна Зариф во Женева.

Меѓу САД и Иран се појави голем јаз во односите откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе се повлече од нуклеарниот договор со Техеран во 2015 година. Со тој акт се ограничуваат нуклеарните капацитети на Иран, мислејќи на производството, а останатите земји-потписнички се обидуваат да го спасат договорот по излезот на САД