Пред дваесет дена почнаа работите на расчистувањето на локацијата кај бившиот Маршалат на Топчидер во Белград, каде треба да никне ново велелепно здание на амбасадата на САД во Србија. Претходно, Собранието на Белград ги усвои измените на Генералниот урбанистички план само за таа локација. Па така, работите сега се во полн ек и покрај фактот, што го искажа дури и директорот на Дирекцијата за имот на Србија господинот Томиќ – дека Американците досега не уплатиле ниту динар од првата симболична рата од 600.000 долари, што е прецизирано со договорот. Со еден збор, Србија со свои пари го финансира расчистувањето на ексклузивната локација за американски потреби, а цената на тој обемен зафат на оргроманата локација од 4,2 хектари ќе изнесува речиси три милиони евра, пишува “Глас јавности”.

Оваа загаточна изградба се повеќе ја иритира јавноста во Србија, но новинарите никако да дојдат до права информација: сите или се кријат или молчат! Во Дирекцијата за имотот упорно молчат и избегнуваат да го дадат на увид Договорот и да одговорат на прашањето: кој и како ја продал ова исклучително значајна дравна локација за изградба на американска амбасада. Договорот е потпишан во 2005 година од српскиот поранешен министер за економски односи со странство Милан Париводиќ и тогашниот амбасадор на САД, Мајкл Полт. Вториот си замина, а првиот мртов ладен вели дека ” не знаел дека тоа не е за продавање и дека мислел дека се било договорено со владата или некоја друга висока истанца”.

Останува нерасчистена и најголемата загатка: како е можно толкав имот на ексклузивна локација да се продаде за мизерни 15 милиони евра, ако се земе предвид дека неговата пазарна вредност е три пати поголема. Во недостиг на факти, весникот се прашува: дали поданичкиот однос не некои луѓе повеќе нема никакви граници; дали моќните поединци сакале да ја излечат својата повеќедецениска фрустрација со топчидерското минато, или станува збор за нешто многу поопипливо и реално?