Соединетите Американски Држави  побараа од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ги зачува изгледите за создавање палестинска држава додека размислува за анексија на Западниот Брег, рече Дејвид Шенкер, американски дипломат задолжен за Блискиот исток.

Владата на Нетанјаху најави дека едностраната анексија на 30 проценти од окупираниот Западен Брег може да започне на 1 јули, во согласност со планот на Блискиот исток на американскиот претседател Доналд Трамп.

Планот на Трамп предвидува и независна палестинска држава иако таа би била демилитаризирана и нејзин главен град не би бил Источен Ерусалим, а тоа е она за што се стремат Палестинците.