x

„Сабјите“ се впишаа во историјата на Премиер лигата

Шефилд Јунајтед  славеше во Брајтон со 1:0 и со тоа направија скок дури на петтата позиција на табелата во Премиер лигата по 18 одиграни кола. Но она што е уште поинтересно е што популарните „сабји“ се запишаа во историските книги во Премиер лигата. Имено, тие се првиот новопромовиран тим во елитната англиска лига кој од сезоната 1947/48 останал непоразен во првите девет гостински натпревари (три победи и шест ремија). Ако и на следниот меч во гости (против Манчестер Сити на 29.декември) останат непоразени ќе го изедначат ефектот на Барнли од споменатата сезона кој изнесува 10 гостински натпревари без пораз.

Инаку голот во Брајтон го постигна рекордното засилување Оливер Мек Берни, а исто така „сабјите“ ја запишаа третата победа по ред во Премиер лигата што е за првпат по 1993 година.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата