Шведската компанија бакротираше во април 2014 година, поради финансиски проблеми и од тогаш не произведе ниту едно возило.

Но сега, шведскиот холдинг НЕВС, кој го поседува брендот „Сааб” од 2012 година, најави доаѓање на нови акционери од Кина.

Во новиот погон и истражувачкиот центар во Тијанџин во североисточниот дел на Кина, кинеската информатичка компанија СРИТ ќе инвестира 35 милиони евра, а 144 милиони евра групата „Теамсун”, исто така активна во информатичкиот сектор.