x

Руфати за Спортмедиа: Кој не сака да игра Лига на Европа, Зорја е мојата голема шанса

118517905_10218654660705795_5659372894574588327_n-1

Македонскиот младински репрезентативец Агрон Руфати потпиша за Украинскиот тим Зорја. Досегашниот играч на тимот на Истра веќе е во Украина каде што ќе биде претставен во новиот дрес. Првите импресии од новиот клуб Руфати ги споделува со Спортмедиа.

„Како да не бидам задоволен, па потпишав за клуб кој што е дел од Лигата на Европа. Зорја е сериозен клуб, шест години по ред играат во Лигата на Европа. Тоа е огромна шанса за мене. Да ја подигнам кариерата на едно повисоко скалило. Одлично сум пречекан неможе подобро. Веднаш се гледа дека ќе направат сите тука во клубот се за да јас што подобро се адаптирам на новата средина“ – вели Рифати па додава.

„Сега за сега е тоа. Направив трансфер го добив тоа што го посакував. Сега е на мене да се покажам, докажам, оправдам дадена доверба од сите кои беа вклучени во мојот трансфер“ – додава Руфати, а на прашањето каде се можел да замине тој вели.

„Ма тоа сега и не е воопшто важно. Важно е да заиграм во Зорја да обезбедам стандардно место во тимот. Тоа е најбитно сега, се друго се заборава“ – вели Руфати за Спортмедиа.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата