Левиот бек на репрезентацијата на Белорусија, кој по заминувањето од Барселона настапуваше за Лахвија во Катар, се споменуваше и како потенцијално засилување за Вардар. Но, Рутенка не доаѓа ни во Вардар, ни во моментно водечкиот тим во Белорусија, Мешков Брест, туку договори соработка со СКА Минск до крајот на идната сезона.

Капитенот на репрезентацијата на Белорусија ја повреди Ахоловата тетива на ЕП во Полска во јануари и по санирањето на повредата ќе му биде на располагање на својот нов тим во борбата со Мешков Брест за шампионската титула во Белорусија и за настап во Лигата на шампионите во следната сезона.