Руски авион Су-25УБ кој без оружје полетал од аеродромот „Будиновск“, паднал во изолиран предел на Ставрополскиот регион во Северен Кавказ, соопшти Министерството за одбрана на Русија, пренесува „Спутник“.

„Авионот падна во ненаселено место. Нема материјална штета во околината, но авионот е потполно уништен“, се наведува во соопштението од војската.

Во потрага по двајцата пилоти кои се катапултирале полетал хеликоптер. Нивната судбина засега е непозната.

Армијата исто така привремено ги суспендираше сите летови на Су-25 во јужна Русија додека не се дознае причината за денешната несреќа.

Су-25УБ је школски авион со две места кој се користи за тренинзи на пилотите, но може во полн обем да изведува и борбени задачи.

извор: Makfax