Рускиот министер за енергетика Александар Новак утре ќе учествува на состанокот на ОПЕК + наспроти позитивниот резултат од тестот за коронавирус, со кој се заразил на патување кон крајниот исто на Русија, соопшти Министерството за енергетика.

„ Министерот се чувствува добро. Нема симптоми“ рекла портпаролката на министерството за Ројтерс, потврдувајќи дека Новак ќе учествува на 21 состанок на Заедничкиот одбор на министерството.

На утрешниот состанок треба да се преиспита дали производителите во ОПЕК + се придржуваат до договорот за намалување на производството на нафта во контекст на бавното закрепнување во потрошувачката.

Новак беше на крајниот исто на Русија во рамки на владината делегација предводена од премиерот Михаил Мишустин, кој исто така се зарази со коронавирус кон крајот на април.

Мишустин на состанокот на владината комисија за општествен и економски развој на крајниот исток на земјата, кој беше одржан во Благовјешченск, соопшти дека министерот за енергетика е заразен со коронавирус. Премиерот рекол дека Новак дошол во Благовјешченск за да учествува на состанокот, но дека тоа не се случило и дека тој се вратил во Москва, пренесе ТАСС.

извор: Makfax