Рускиот екипаж од бродот „Стримлајн“, кој беше уапсен во Турција, планира да се врати дома пред крајот на оваа недела. Адвокат ќе ги застапува интересите на морнарите, изјави капетанот на бродот, Бахман Багиров, за ТАСС.

Бродот, кој отплови од Ростов-на-Дон во Истанбул за поправка, беше задржан во јуни 2018 година. Капетанот претходно им рекол на поморските служби и на сопственичката компанија „Акча шипинг“ за намерата да го блокира Босфор поради неисплатените плати на морнарите кои не добиле пари од јуни 2018 година, а вкупниот износ на заостанати платинадминува 120.000 долари.

„Тесно соработуваме со адвокатот. Веројатно ќе ја завршиме регистрацијата на документите до крајот на неделава и ќе заминеме дома. Сепак, ќе мораме да си одиме без пари, но таква е состојбата во моментот”, рече Багиров.

Багиров бил повикан и до капетанот на пристаништето да даде изјава за заканите за затворање на Босфор. Сослушувањто за можно ослободувањена морнарите е закажано за 2 април.

извор: Makfax