Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров ќе пристигне доцна навечер во Босна и Херцеговина, каде што и официјално ќе разговара со властите во Сараево и Бања Лука, а српската партија изнесува различни очекувања за тоа дали и која од нив ќе добие официјален благослов на Москва за претстојните општи избори.

„Лавров пристигнува со авион вечерва и утре ќе има средби со сите тројца членови на претседателството и со колегата од БиХ, Игор Црндак”, изјави за ХИНА заменик-министерот за надворешни работи, Јосип Бркиќ.

Во Бања Лука е предвидена посета на српско-рускиот центар и средба со раководството на Република Српска, кое ќе биде предводено од претседателот на тој ентитет, Милорад Додик.

Инаку Додик ја претставува посетата на рускиот министер како директна поддршка на неговата партија на парламентарните избори во октомври.

Меѓутоа во текот на денот, на прес-конференцијата во врска со тоа разговараше шефот на дипломатијата на БиХ, кој рече дека посетата на Лавров нема промотивен карактер за изборите.

извор: Makfax