Рускиот институт за истражување „Гамалеја“, кој ја создаде првата вакцина во светот против коронавирусот, изјави дека е подготвен да му пружи помош на американскиот претседател, кој се заразил со вирусот, пренесува „Спунтик“.

„ Мислам дека ако тие официјално се обратат до руските власти, ќе можеме да им помогнеме“, рече шефот на центарот „Гамалеја„, Александар Гинтсбург.

Тој исто така предложи администрацијата на Трамп да се вакцинира со руската вакцина, наречена „спутник V“.

„ Мислам дека сепак ќе го решат тоа со нивниот претседател. Патем, би било убаво да го вакцинираат со руската вакцина!“, додаде Гинтсбург.

Трамп претходно изјави дека тој и неговата сопруга Меланија Трамп се позитивни на Ковид-19 и дека ќе се стават во карантин во Белата куќа. Нивниот лекар рече дека и претседателот и првата дама се чувствуваат добро, додавајќи дека очекува Трамп да ги извршува своите должности без проблеми.

Без оглед на тоа, Белата куќа веднаш по веста најави откажување на патувањето од кампањата во Флорида. Првата дама тогаш објави на Твитер дека ќе одложи некои настани на кои требаше да учествува.

извор: Makfax