Руската противвоздушна сила превзема низа мерки со кои ќе ја заштити руската територија од пад на метеорите и други опасни објекти во вселената, изјави командантот на воздухопловните сили, Игор Макушев.

Воздушната одбрамбена сила на Руската Федерација мора да изготви план за заштита на Русија од објекти од вселената.

-Руската противвоздушна сила има наредба да се справи со ова прашање и да излезе со план за заштита на Русија од вселенски објекти, е наведено во соопштението.

Соопштението пристигнало неколку дена по метеорскиот дожд, кој не беше регистриран од постоечките апарати за следење на универзумот, а кој повреди над 1000 луѓе. Иако Русите тогаш соопштија дека метеорот тежел 10 тона, сепак вчера НАСА објави дека метеорот бил 1000 пати потежок.