Русија ќе ја врати иконата која лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, му ја подари на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, откако обвинителите во Босна соопштија дека се обидуваат да утврдат дали подарокот е илегално шверцуван од завојуваниот источнен дел на Украина.

Додик му подари на Лавров 300 години стара позлатена икона за време на неговата посета на Сараево во текот на неделава.

„Иконата ќе биде вратена за да се разјасни нејзиното потекло со помош на Интерпол“, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Украинската амбасада во Сараево побара од босанските власти дополнителни информации околу артефактот, откако новинската агенција на босанските Срби „Срна“ објави фотографија од иконата со печат за автентичност, што укажува дека потекнува од Луганск, каде проруските сепаратисти се борат против украинската војска.

Додик не даде коментар по ова прашање, а неговите соработници не се достапни за коментар.

Десетици босански Срби се бореа заедно со проруските бунтовници, во војната во источна Украина во 2014 година.

Членовите на хрватското и бошњачкото претседателство на БиХ одбија да се состанат со Лавров за време на неговата посета.

 

извор: Makfax