Портпаролката на руското министерството за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека Русија смета оти планот за достава на хуманитарна помош во Венецуела е исценирана провокација.

„Ако се работи за желба да му се помогне на народот со хуманитарна помош, тогаш е рационално да прашаме зошто не се одмрзнат сметките на венецуелските компании во американските банки, вредни 11 милијарди долари, или да се вклучат специјализирани агенции на ОН кои имаат непроценливо искуство во таквите операции, наместо лицемерни обиди да се достави помош во вредност од неколку стотици долари“, истакна Захарова.

Москва го поддржува претседателот на Венецуела, Николас Мадуро и не го признава Хуан Гуаидо, кој се прогласи за привремен претседател во јануари, по изборите во земјата.

извор: Makfax